
ВИДЕО: Пендаровски во опуштен разговор со светски државници на Конференцијата на ООН во Дубаи
Шефот на државата Стево Пендаровски е во посета на Обединетите Арапски Емирати каде присуствува на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28.
Според објавеното видео, може да се забележи како претседателот во лежерно издание, со неговиот добропрепознатлив, непосреден стил им пристапува на своите соговорници од светските сили, што несомнено покажува дека нашата држава се претставува во вистинско светло.
