
(ВИДЕО) ПАК ИМАШЕ ТЕПАЧКА ВО ЛИДЛ ВО СРБИЈА: Луѓето се грабаа за свинска плешка
Уште една тепачка се случи во Лидл во Србија. Луѓето се грабаа за свинска плешка.
Порталот„ Решетка“ пренесува дека во Лесковац, се случил инцидент кога пензионери се туркале за плешка од 200 денари. На видеото се слуша машки глас кој со доза на сарказам вели „Има ли мртви?“. Претходно, имаше турканици за евтини ќебапчиња. Но, досега во Србија се регистрирани многу тепачка и тоа за поевтини пилиња, стоење во редици четири часа за чоколадо од 25 денари, грабање на поевтини банани, борба за евтин шеќер. Кога Лидл се отвори во Србија и кога имаше турканици за намирници, дел од српките јавни личности коментираа дека тоа е тажно и укажува колку луѓето се сиромашни.
