
ВИДЕО Падна плафон во соба на спортистка од Шпанија дојдена во Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал
Млада спортистка од Шпанија, учесничка на Европскиот младински олимписки фестивал во Македонија, сподели видео на кое се гледа дел од паднат плафон во бањата на собата каде што е сместена.
Во објавата таа напиша дека не поминале ни 72 часа од пристигнувањето, а веќе се соочиле со ваков проблем.
Настанот отвори прашања за условите во кои се сместени дел од учесниците на фестивалот, кој опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини. Дел од нив се одржуваат во Скопје и Куманово, додека спортската гимнастика ќе се одржи во Осиек, Хрватска. На улиците на главниот град деновиве може да се забележат бројни млади спортисти од различни европски држави.