
ВИДЕО Падна дрво на охридскиот кеј „Македонија“
Големо дрво утрово падна на кејот „Македонија“ во Охрид.
Инцидентот предизвика краткотрајно попречување на движењето по пешачката зона, но за среќа нема повредени лица ниту поголема материјална штета.
Екипи на комуналната служба веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатото дрво.

