
(ВИДЕО) ОВА Е КУЌАТА ВО ГРАДАЧАЦ КАДЕ СЕ СЛУЧИ ЗЛОСТОРСТВОТО: Полицаецот кој беше ранет подлегна на повредите
Во Градачац во Босна и Херцеговина (БиХ) денеска маж ја уби својата сопруга, уште две лица, а потоа се самоуби, но сега почина и полицаецот кого тој го рани. На повредите им подлегна и ранетиот полицаец Хусеин Коториќ и тој е четвртата жртва.
Градачац е завиен во црно по крвавиот поход што го направи Нермин Сулејмановиќ. Убиството го пренесуваше во живо на Инстаграм.
Како што објави „Аваз“, убиена е Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на Сулејмановиќ, потоа Ондер Џенгиз и Денис Џенгиз, татко и син, турски државјани. Убиецот бил во конфликт со луѓето кои ги уби.
Преносот во живо го следеа над 15.000 луѓе, а некои го поддржаа ова грозоморно злосторство.
За поддржувачите на убиството ќе има пријави.
фото принтскрин
