
(ВИДЕО) ОВА Е ЧУДО: Спасен е човекот кој беше затрупан осум часа во канал во српско село
Затрупан српски работник е извлечен жив по осум часа. Многумина ова го сметаат за чудо. Спасен е Милан Рајковиќ
Пожарникарите-спасувачи во српскиот град Лазаревац вечерва, по цели осум часа борба, успеаја да извлечат работник кој беше затрупан во канал во селото Петка, јавуваат локалните медиуми.
„Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасувачи. Ваквите моменти го прават животот вреден за живеење“, напиша српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Работникот е пренесен во болница.
фото: Инстаграм / скриншот
