
(ВИДЕО) ОРБАН ЗА ВУЧИЌ: Не разбирам српски, но му верувам сто проценти
Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа во српската престолнина Белград, каде разговараа за зајакнување на односите меѓу Србија и Унгарија.
„Не разбирам српски, па не знам што рече мојот пријател Вучиќ, но верувам дека сè што кажа е точно. Му верувам сто проценти, иако не знам ниту еден збор на неговиот јазик“, рече Орбан.
Потоа двајцата лидери срдечно се ракуваа.