Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Ѓорѓиевски објави војна на дивоградбите: „Нема толеранција, багерите ќе го чистат Скопје од узурпатори“
Македонија

ВИДЕО Ѓорѓиевски објави војна на дивоградбите: „Нема толеранција, багерите ќе го чистат Скопје од узурпатори“

19/12/2025

AA

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави почеток на масовна и бескомпромисна акција за расчистување на бесправно изградените објекти и узурпираните јавни површини низ главниот град. Целта е да се ослободат тротоарите и пешачките зони и да се врати редот во урбаниот простор.

Ѓорѓиевски испрати јасна порака дека времето на толеранција за оние кои го узурпираат заедничкото заврши. Акцијата ќе се спроведува низ целата територија на Скопје, без исклучоци и без компромиси.

Првиот човек на градот нагласи дека јавниот простор мора да биде достапен за сите граѓани под еднакви услови, а не да биде заложник на поединци.

Градоначалникот ги повика скопјани да бидат партнери во овој процес и активно да се вклучат во воведувањето ред.

„Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Акцијата продолжува со засилено темпо во наредниот период, со фокус на критичните точки каде што е загрозена безбедноста и движењето на пешаците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy