ВИДЕО Огромна пукнатина на земјата во Липково
Во село Липково е регистрирана огромна пукнатина на земјата, што е резултат на најверојатно активирано претходно фосилно свлечиште.
Драматичните слики од теренот покажуваат длабока и широка расцепка која претставува сериозна опасност за околните објекти и инфраструктура.
Свлечиштето веќе има предизвикано штета и претставува директна закана за населението.
Локалните власти и надлежните институции се повикуваат на брза реакција за да се спречи натамошно лизгање на земјиштето и да се заштитат животите и имотот на граѓаните во Липково.