Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НИКОЛА, НАУЧИ ЛИ ГУЛАШ ДА ПРАВИШ? Зафатениот Заев му предложи на Груевски да си најде друга занимација
Македонија

НИКОЛА, НАУЧИ ЛИ ГУЛАШ ДА ПРАВИШ? Зафатениот Заев му предложи на Груевски да си најде друга занимација

05/12/2025

AA

Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде, му одговори поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев на Никола Груевски, кој го обвини Заев дека секој месец купува евтино железо од Русија и прави зделки во кои имаат заработка и продавачите од Русија и купувачот, кој е фирма на Заев.

„Никола, тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш. Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.

Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка.

Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија.

Да ја одлежеше тогаш казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше од тука, од Македонија, да зборуваш пред нашата јавност, наместо од бегство да пишуваш епопеи за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај.

ДОДЕКА СДСМ И ФИЛИПЧЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ УКРАИНА, ЗАЕВ ТЕРА БИЗНИС СО РУСИЈА Груевски го потсети Венко и на златната виза за Дубаи и на зделката за вакцините од Кина

За разлика од тебе, неуспешниот и поразен ‘боксер’, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа, и тоа успешно. А сега, кога скоро пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте си натовариле?

За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа, а не на серијали писанија посветени на тебе. Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога го добиваш повторно моето внимание.

Затоа, ти предлагам, најди си нешто да работиш. Не мислам да работиш за да заработиш, тоа го имаш оти безобразно и развратно крадеше. Туку мислам на тоа да си најдеш некое хоби, занимација, да ти ‘годи’ додека се разубавуваш. Научи ли гулаш да правиш?“, му напиша Заев на Груевски.

Тој се надева, како што вели, дека ќе дојде денот кога Груевски ќе се појави во Македонија и дека добро знае каде ќе треба директно да оди.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy