Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зелена иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ втора година по ред – вработените на Скопскиот аеродром засадија дрвја во Општина Илинден
Македонија

Зелена иницијатива на ТАВ Аеродроми „Садиме денес за одржливо утре“ втора година по ред – вработените на Скопскиот аеродром засадија дрвја во Општина Илинден

05/12/2025

AA

Со активноста за садење дрвја во Општина Илинден, ТАВ Македонија вчера ја започна својата традиционална зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“, која има за цел да го зголеми бројот на нови дрвја во земјата и да придонесе за позелена средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Општина Илинден, предводени од генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заеднички засадија 30 црвени сливи на просторот до основното училиште „Гоце Делчев“ во оваа општина, кои ќе го разубават местото планирано да се уреди како рекреативен парк за граѓаните на Илинден.

“Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и што нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со зелените активности на Општина Илинден. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Илинден и на вработените на Општината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Нашите заеднички еколошки активности се симбол на нашата заедничка грижа за иднината. Со оваа акција, на Меѓународниот ден на волонтерството, 5 декември, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени, кон почист воздух, позелени заедници и подобар живот за сите, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Целта на ТАВ Македонија, како општествено одговорна компанија е да придонесе за одржливост, особено во општините каде што работат двата аеродрома, со што ќе се подигне свеста за важноста на еколошката кауза и колективната грижа за природата.

Акцијата „Садиме денес за одржливо утре“ на ТАВ Македонија ќе продолжи во Охрид следната недела, каде што вработените на охридскиот аеродром ќе садат дрвја во оваа општина.

Со донирање и садење дрвја во општините каде што работат Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедниците и животната средина, акција која станува традиција и преку која ќе продолжи да ја поддржува грижата за природата и проектите што создаваат трајни, позитивни промени во општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy