
ВИДЕО: „Одев чекор по чекор, а некаде морав и да лазам” – Мира Симоновска од Делчево на 74 години успеа да се искачи на врвот Ухуру!
Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави видео од Мира Симоновска од Делчево.
Се работи за жена која на 74-годишна го искачила врвот Ухуру, на Килиманџаро, на н.в. од 5895 метри.
„Одев чекор по чекор, а некаде морав и да лазам” – вели Мира Симоновски од Делчево, која на 74 години успеа да се искачи на врвот Ухуру, на Килиманџаро, на н.в. од 5895 метри. #ЛицевЛице поразговаравме за впечатоците од овој голем подвиг. Пред 4 години, пак, Мира ја достигнала висината од 5137 метри на врвот Арарат, во Источна Анадолија. А досега неколку пати се искачила и на Триглав. Со својата храброст и ентузијазам, верувам дека ќе биде инспирација и мотивација за многу други планинари“, пишува Пендаровски.