
ВИДЕО Објавена снимка од пукањето во Куманово
Телевизија 21 објави снимка од вооружениот инцидент што се случи попладнево во Куманово.
На видеото се гледа моментот на пукањето, а властите продолжуваат со истрага за случајот и обезбедување на местото на настанот.
Повредениот Зекирија Шаини е вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково.
Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, соопшти дека на клиниката бил донесен 43-годишен пациент со огнострелни повреди на левата надлактица и десната подколеница и дека пациентот е вон животна опасност.