
ВИДЕО Нови снимки од пожарот во Желино – гори голема површина!
На ново видео од големиот пожар во Желино се гледа како огнот зафаќа голема површина.
Противпожарни екипи се на терен и се борат со стихијата, а засега нема информации за повредени лица.
Автопатот Скопје-Тетово е затворен во два правци.
Според неофицијалните информации пожарот бил подметнат.
-На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауери, еден хермелин, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово. Два ер трактори ќе полетаат во 16.00 часот, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
