
ВИДЕО Нов пожар се гледа од Козјак
Денеска попладне, од левата страна на езерото Козјак, во насока кон врвот Солунска глава, е забележан шумски пожар.
Од далечина се гледа густ чад кој се издигнува над планинскиот предел, а пожарот, според првични информации, зафатил нискостеблеста вегетација и дел од шумската површина.
На терен се испратени екипи на шумската полиција и противпожарните служби, кои се обидуваат да го локализираат и спречат неговото ширење.