Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Нов документарец на „Нетфликс“ ги вознемири гледачите
Магазин

ВИДЕО: Нов документарец на „Нетфликс“ ги вознемири гледачите

23/03/2023

AA

 

Најновата документарна серија „Вако: Американска апокалипса“, која вклучува досега невиден материјал од озлогласениот 51-дневен конфликт меѓу федералните агенти и вооружената религиозна група во 90-тите, ги вознемири гледачите.

Серијата на „Нетфликс“ е дефинитивен приказ за еден од најчудните настани во Америка и истражува што се случило во Вако, Тексас, во 1993 година кога култниот водач Дејвид Кореш се соочил со федералната влада во крвава 51-дневна опсада.

Првата сезона содржи три епизоди и комбинира снимки од тоа време и интервјуа со лица вклучени во тој настан.

„Waco: American Apocalypse е објавена за да се совпадне со 30-годишнината од националната трагедија и нуди ексклузивен пристап до неодамна откриените видеоснимки направени на командното место на ФБИ за преговарање за заложници“, открива синопсисот.

„Вклучува и необработени снимки од вести што никогаш не биле објавени во американската јавност, како и прислушувања на ФБИ“, стои во описот.

Гледачите што веќе ги изгледале трите епизоди се огласија на социјалните мрежи за да ги споделат своите размислувања за најновата серија на „Нетфликс“, а многумина беа огорчени од една луда и одвратна соговорничка, како што напишаа.

Поранешната жителка на Вако, Кети Шредер, била дел од култот на Кореш и оттогаш жестоко го брани лидерот на култот во врска со наводната злоупотреба на малолетнички.

„Жената што го оправдува тој човек, кој имал секс со 12-годишни девојчиња затоа што е бог, навистина ме наежи затоа што се чини дека таа сè уште верува во тоа“, гласи еден од коментарите. „Гледам Waco: American Apocalypse на ‘Нетфликс“. Седум минути и моите први мисли се дека белата Америка не е здрава“, „Најтажниот дел од таа приказна се невините луѓе убиени од АТФ и ФБИ“, се некои од коментарите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ОВОЗМОЖИЈА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА НИВА? Потребна

13/02/2026
Македонија

САД И MAKEДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА, ФЕР И ИЗБАЛАНСИРАНА

13/02/2026
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41400
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за празникот на виното и љубовта!

13/02/2026

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество

ЗОШТО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ОВОЗМОЖИЈА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА НИВА? Потребна е темелна институционална истрага

13/02/2026

Во 2023 година, Владата предводена од СДСМ извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат

САД И MAKEДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА, ФЕР И ИЗБАЛАНСИРАНА ТРГОВИЈА Еве што содржи

13/02/2026

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy