
(ВИДЕО) НОСЕШЕ БЕЛ КОМБИНЕЗОН, ИМАШЕ САМО ЧОРАПИ НА НОЗЕТЕ: Полицајците го донесоа Урош во полициската станица во Смедерево
Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац во Србија уби осум лица, а рани 14 e oднесен во полициската станица во Смедерево.
Специјалците вооружени го донесоа во бел комбинезон, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу. Има само чорапи на нозете, а неговата облека е испратена на вештачење.
Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, а доцна попладнето пристигнал во полициска станица. Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата. Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој е уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие.
Мештаните велат дека се работело за проблематично семејство. Србија ќе се „разоружа“ и ќе ги зголеми казните за нелегално поседување на оружје. Три дена по ред има напади во земјата. Се сличија два масакри. Во Белград момче уби 9 луѓе.
