
(ВИДЕО) НОСЕА МАИЦИ СО БУКВАTA „Z“: „Ноќните волци“ лојални на Путин продефилираа во Бања Лука
„Ноќните волци“ лојални на рускиот претседател Владимир Путин денеска парадираа низ Бања Лука во БиХ.
Тие учествуваа на видовденското возење организирано од огранокот на Република Српска (РС) на овој мото клуб.
„Имаа проблеми кога пристигнаа во Босна и Херцеговина, но никој не беше вратен од граница. Тие не се криминалци, никој нема криминално досие и не ни е јасно зошто не малтретираат“, истакнаа од групата.
Во Бања Лука денеска дел од нивните членови носеа маици со буквата „Z“, симбол на руската инвазија на Украина и напишана порака „Каде сме ние, таму е Русија“. Претседателот на клупскиот огранок за РС рече дека учесниците на возењето се од Швајцарија, Чешка, Словачка, Србија, Црна Гора, Македонија, Австралија и други земји. Во 2018 година институциите во БиХ му забранија влез во земјата на Александар Залдастанов, лидерот на „Ноќните волци“.
Залдастанов, кој се опишува себеси како „пријател“ на рускиот претседател Владимир Путин, е под санкции од Западот поради неговата поддршка за руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината офанзива во Украина. Претставникот на Народното собрание на Република Српска од Народната партија на Српска (НПС) Дарко Бањац во Москва на Залдастанов му врачи орден на честа златни синџири.