
(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник
Невреме ja зафати Србија, и паѓаше град со големина на лешник, а имаше и силни врнежи. Сообраќајот на автопатот Е75 од насока на Белград кон Ниш, пет километри пред фонтаната Лозовица, бил парализиран речиси два часа поради порој кој го оштетил патот.
Невреме имаше во Хртковци кај Рума, во близина на границата со Хрватска. Силни врнежи се очекуваат во наредните четири дена. Пороен дожд ги поплавил улиците на Пријепоље, објавија српските медиуми. Силен град попладнево е забележан и во Белград. И претходните години во Србија имаше невреме со крупен град со големина на лешник.