
(ВИДЕО) НЕПРОСПИЕНА НОЌ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Експлозија го потресе Звечан
Експлозија синоќа имаше во Звечан на Косово каде е оштетен објектот на Пошта, а внатре е пронајдена уште една неексплодирана бомба.
Повредени луѓе нема, но од детонацијата е скршено стаклото од излогот. Жителите на Звечан за Косово онлајн изјавија дека екипа за деминирање од Приштина пристигнала неколку часа по полноќ и експлозивната направа била отстранета.
На овој објект минатата недела е поставен знакот на Поштата на Косово во Звечан. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.
Инциденти имаше и лани на северот на Косово.
Лани во ноемви, непознати лица фрлиле рачни бомби на полициската станица во Звечан.
фото принтскрин Косово онлајн