
(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВИ САД: Демонстрантите фрлаа камења, јајца, има повредени полицајци
Инциденти имаше пред Собранието во Нови Сад, а повредени се 5 полицајци и една демонстрантка.
Собранието на Нови Сад денеска го избра Жарко Миќин за нов градоначалник, откако претходно беше констатирана оставката на Милан Ѓуриќ. Миќин најави дека ќе бара од градежната инспекција да ги испита сите објекти во сопственост на градот.
Демонстрантите фрлаа камења, јајца, јогурт, боја и други предмети врз полицијата и се повредени пет полицајци.
Младен Цвијетиќ, советник од Движењето на слободни граѓани (ПСГ), изјави дека денешниот ден ќе остане запаметен како ден кога власта одлучи да го укине парламентаризмот и демократијата. Тој го критикуваше изборот на Миќин, нарекувајќи го „десна рака“ на поранешниот премиер Милош Вучевиќ и човек кој бил поврзан со насилни групи за време на протестите во Нови Сад. Откако лани на 1 ноември се урна натстрешница во Нови Сад и уби 15 луѓе, во Србија постојано има протести и блокади.
фото X
Pripadnici policije gađali su okupljene građane i tom prilikom pogodili jednu devojku u oko!
Novi Sad. pic.twitter.com/VS7752CrdN
— Marko M. Dragoslavic (@DragoslavicM) February 24, 2025

