
ВИДЕО „Немаме ништо!“ Семејство не може да излезе од куќата, утрово се излеа Кочанска река
Во Облешево владее драма поради излевање на Кочанска река, која предизвика поплавување на куќи, ниви и магацини со ориз. Едно семејство не може да ја напушти својата куќа и останало заглавено.
„Сабајле околу 6 часот видовме дека водата надојде. Не можеме да излеземе, само до терасата и таму застанавме“, изјави сопственичката на една од поплавените куќи.
Таа додаде дека бараат итно да дојде градоначалникот за да разговараат за ситуацијата и потенцијалната штета.
Семејството најави дека ќе поднесе барање за обештетување поради причинетата материјална штета. Надлежните засега не соопштија кога ќе интервенираат за расчистување и заштита на имотот.
