Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО БУГАРИЈА СЕ ВОДИ ПОСЛЕДНАТА ТОТАЛИТАРНА КОМУНИСТИЧКА ПОЛИТИКА ВО ЕУ Негирањето и потсмевот против Македонците мора да престанат, порачува Стојков
Македонија

ВО БУГАРИЈА СЕ ВОДИ ПОСЛЕДНАТА ТОТАЛИТАРНА КОМУНИСТИЧКА ПОЛИТИКА ВО ЕУ Негирањето и потсмевот против Македонците мора да престанат, порачува Стојков

29/11/2025

AA

Денес во демократска Бугарија постоењето на Македонците останува негирано, рече Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, на 18-тата сесија на Форумот за малцински прашања на Обединетите Нации што се одржа во Женева. На форумот учествуваше и лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски.

– Јас сум Стојко Стојков, Македонец од македонското малцинство во Бугарија, кое денес се бори за основно признавање на своето постоење. Откако официјално бевме признати како малцинство во Бугарија и уживавме некои права, подоцна бевме прогласени за непостоечки, прогонувани како предавници и асимилирани под комунистичкиот режим. Денес во демократска Бугарија нашето постоење останува негирано, а тоа е политика утврдена со две парламентарни декларации и една одлука на Уставниот суд – рече Стојков во своето обраќање.

Ова, додаде Стојков, резултираше со стотици судски одлуки кои секое тврдење дека македонското малцинство постои го толкуваат како закана за нацијата, државата и за безбедноста.

Поради тоа, не постои регистрирана партија или организација на македонското малцинство, без оглед на 14 пресуди во Европскиот суд за човекови права против Бугарија, потенцира Стојков.

– Самото наше постоење го крши официјалниот наратив и се дочекува во медиумите и во општеството со говор на омраза, што ги прикажува Македонците како национални предавници, странски агенти и непријатели, морални дегенерици и ретардирани. Таквиот говор е нормализиран и никогаш не се казнува – вели Стојков.

Сетето ова го исклучува малцинството од општествениот и од политичкиот живот, кое не може да се претставува себеси, ниту некоја друга партија се осмелува да се залага за правата на Македонците, нагласи Стојков.

– Македонците денес немаат никакви малцински права во Бугарија, а државата отфрла секаков обид за дијалог со нив, и покрај сите препораки на институциите за човекови права. Бидејќи Европската Унија ги остави малцинските права на милост и немилост на националните држави, тоа де факто се претвори во европски благослов за оваа политика на негирање, асимилација и дискриминација кон едно малцинство во рамките на ЕУ – кажа Стојков.

Според него „оваа политика создаде конфликт со Македонија и ја блокира нејзината евроинтеграција, загрозувајќи ја регионалната безбедност”.

– Оваа политика придонесува за создавање индустрија за корупција од милијарда евра со трговија со бугарски државјанства. Оваа политика против Македонците денес е последната тоталитарна комунистичка политика во Европската Унија и мора да престане – порача Стојков, пренесува весникот „Илинден“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45298
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy