
(ВИДЕО) НАПАД СО НОЖ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА, ЖЕНА ПРОБОДЕЛА ДВАЈЦА МАЖИ: Едниот е Бугарин другиот странец, расечени се во грбот и во градите
Утринава во центарот на Софија, на булеварот „Витоша“, се
случи напад со нож во кој беа повредени двајца мажи – бугарски државјанин и
странец. Според информациите од Итната медицинска помош, двајцата повредени се
пренесени во болница.
Првиот повик до службите бил направен во 08:25 часот, кога
21-годишен маж со расечена рана на грбот бил пренесен во Воената медицинска
академија (ВМА). Лекарите информираат дека е во стабилна состојба и
комуникативен.
Девет минути подоцна, во 08:34 часот, бил примен уште еден итен
повик за втор инцидент во близина на првиот. Овојпат, жртва бил 51-годишен маж,
странец, кој бил прободен во градите и пренесен во болницата „Пирогов“.
Полицијата брзо реагирала и уапсила 22-годишна жена,
осомничена за нападите. Според првичните информации, таа страда од психичко
заболување.
Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата ги испитува
мотивите на нападот.
фото: YouTube/Print Screen
