
(ВИДЕО) НАД 100 ЛУЃЕ СЕ СПАСЕНИ: Се појави снимка од тонењето на сплавот во Белград
Над 100 луѓе се спасени од сплавот кој ноќеска потона во српскиот главен град Белград. Се појави снимка од моментот кога сплавот почнува да пропаѓа.
На снимката се гледа како луѓето се обидуваат да го напуштат објектот, влегуваат во студената вода. Дел самите се спасиле, а дел полицијата со чамци ги евакуирала.
Инаку, на дочекот на 2023 година, познатиот белградски сплав „Фристајлер“ потона неколку минути по полноќ.