
ВИДЕО На влез од Скопје се судрија БМВ и камион па се запалиле, МВР со детали за тешката сообраќајка синоќа
Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на автопатот кон градот, кај клучката Хиподром. Сообраќајот на потегот кон главниот град беше целосно блокиран.
Според информации се судриле камион и патничко возило BMW, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле.
Од МВР информираат дека несреќата се случила во 23:00 часот, кога патничкото возило БМВ, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, се судрило со товарното возило Мерцедес со полуприколка, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско. Во несреќата, возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а се препорачува максимална внимателност за сите возачи и, доколку е можно, користење на алтернативни патишта додека не се расчисти делницата.

