Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Најгледаната епизода од „Пријатели“ на сите времиња
Магазин

ВИДЕО: Најгледаната епизода од „Пријатели“ на сите времиња

31/10/2023

AA

 

Светот се збогува со Метју Пери, а серијата „Пријатели“ (Friends), во која тој глумеше три децении од почетокот на емитувањето, има милиони фанови.

Серијата собори рекорди на гледаност и како што објавија светските шоу-биз медиуми, најгледаната епизода во историјата истата вечер ја гледале речиси 53 милиони луѓе. Станува збор за епизодата The One After the Superbowl, двојна епизода во втората сезона. Епизодата беше премиерно прикажана на Ен-би-си на 28 јануари 1996 година како дел од телевизискиот пренос на Ен-би-си на тогашниот „Супербол“.

Ен-би-си намерно одлучи да не емитува премиера на нова серија таа вечер, како што обично правеше и, наместо тоа, закажа епизода од висок профил од постојната популарна серија. Тоа беше дел од напорите на мрежата да го постигне денот со најголема заработка од реклами во историјата на телевизијата.

„Пријатели“ беше толку голем феномен во тоа време што доби специјална епизода по „Супербол“ со низа гости ѕвезди од холивудската А-листа, меѓу кои Брук Шилдс, Крис Исак, Џулија Робертс, Жан-Клод ван Дам, Фред Вилард и Ден Кастеланета.

Ја гледаа речиси 53 милиони луѓе.

Со 52,925 милиона гледачи и 47 отсто удел на публиката, The One After the Superbowl беше најгледана епизода на серијата и е најдобро оценета програма за „Супербол“ на сите времиња.

Епизодата го следи Рос, кој дознава дека неговиот поранешен домашен миленик – мајмунчето Марсел – е ангажиран на филм што се снима во Њујорк, а потоа се обидува да добие улога во тој филм за да може повторно да го види својот мајмун.

Во таа епизода Чендлер ја запознава својата стара пријателка од детството Сузи (ја глуми Џулија Робертс) која работи на продукцијата, а со која има интересно минато. Всушност, кога биле во основно училиште, Чендлер ѝ го подигнал здолништето на Сузи додека била на сцената откривајќи ги нејзините гаќички пред целото училиште.

Договараат состанок, а Чендлер нема поим дека се работи за одмазда.

 
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy