
ВИДЕО МВР јавно објавува лични податоци на граѓани
Во дистрибуирано видео до медиумите, Министерството за внатрешни работи јавно ги објавува податоците на дел од граѓани чии пасоши се готови и чекаат да бидат подигнати.
Без заштита на личните податоци или заматување на идентитетот, матичниот број, фотографијата, бројот на пасош снимките се дистрибуирани до сите медиуми и јавно објавени на друштвените мрежи.
Инаку денеска заменик министерот Митко Бојмацалиев беше во посета на управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.
Во испратеното соопштение е наведено дека во декември и јануари над 170 илјади граѓани биле фотографирани за патни испрани, но нема податок колку од нив ги добиле пасошите.