
ВИДЕО Мрак на плоштадот Македонија, исклучено и јавното осветлување – се чека 18 часот за да светне
Скопскиот плоштад попладнево беше во мрак поради подготовките за свеченото светнување на новогодишната елка. Поради настанот, беше исклучено и јавното осветлување, а граѓаните беа принудени да се движат низ затемнетиот централен дел од градот, чекајќи 18 часот кога, според најавите, плоштадот треба повторно да засвети.
Граѓаните упатија критики поради тоа што јавното осветлување беше целосно изгаснато, иако на плоштадот има голема фреквенција на пешаци. Дел од нив реагираат дека безбедноста и нормалното функционирање на јавниот простор не треба да бидат жртвувани поради протоколарни причини.
Од Град Скопје, градоначалникот Орце најави дека денеска точно во 18 часот ќе биде вклучена новогодишната елка, заедно со целокупното празнично украсување на плоштадот.
