
(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари
Јас ова што го работам, би го работел и без пари, рече Бобан Милошески од Авалон Продукција во Бизнис муабети на Фактор.
Вели дека тоа би го работел како фан. Рече дека попрво би одел на некој концерт во Милано, отколку да оди на јахта, затоа што не ужива во тоа.
Говореше и за средбата со Брајан Адамс, како тој одел пеш од Хилтон до Јане Сандански.
Се помалку верува во голем стандионски концерт и вели дека тоа е тешко да се одржи, а објасни и зошто.
Кажа дека за Енрике Иглесијас да дојде во Скопје платиле 350.000 долари.
Говореше и за настапите кои ќе се одржат на 28 јуни и 22 август.