
(ВИДЕО) Мицкоски од Ваташа: Новата министерка Марија Габриел да дојде и да се извини пред споменикот на 12-те деца
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му предложи на министерот Бујар Османи да ја покани новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел да дојде во Ваташа и да се извини за се што направил бугарскиот фашистички окупатор како што тоа го направи германски министер во Полска.
– Бујар Османи нема кредибилитет да преговата за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. Многу пати во минатото со своите постапки наместо како министер во земја во која мнозински народ е македонскиот, да покаже почитување, тој освен што не покажал тој и не погазил.
Османи да го советува новиот министер за надворешни работи на една европска земја, да дојде тука на споменикот во Ваташа, да клекне и да се извини, да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор, па потоа можеме да седнеме да размислуваме за прошка.
Тоа го направил германски министер во Полска и може министерката да клекне да се извини – истакна Христијан Мицкоски на чествувањето по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци.
За премиерот Димитар Ковачевски рече дека бил кукавица и киднапиран домазет во својата влада кој се плаши да излезе на избори и уште едднаш го покани на дуел на кој народот ќе суди кој каков предлог дал за да нема шпекулации по медиумите.