
ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец даде гол, па прослави со „летање“ орел
Македонскиот репрезентативец Валон Етеми викендов запиша трет сезонски гол во дресот на Истанбулспорт.
Голот беше постигнат во 26. минута од мечот за предност на својот тим од 1-0, а по тој повод, Етеми прослави со „летање“ орел. Оваа „прослава“ многупати предизвикува полемики, а како пример се Шаќири и Џака од Швајцарија.
Во мечот од 7. коло во турската Суперлига, Истанбулспор на домашен терен запиша пораз од 1-2 против Анталијаспор.
