
ВИДЕО Лустери се лулаат, стакло се крши: Првите снимки од силниот земјотрес во Мексико
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико.
Епицентарот бил во близина на градот Куалута на длабочина од десет километри.
На социјалните мрежи почнаа да кружат првите видеа на кои се гледа како лустери се нишаат на таванот додека луѓето седат во кафуле и со неверување гледаат што се случува.
На друго видео се гледа скршеното стакло во излогот.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.