
(ВИДЕО) ЛУЃЕТО БЕГАА НАДВОР: Земјотрес ја погоди Турција
Силен земјотрес ја погоди Турција.
Потрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го стресе турскиот град Коња денеска околу 18.45 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри. Луѓето бегаа од дома.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека итните служби не интервенирале за време на земјотресот. Нема податоци за материјална штета.
На 25 јули луѓе скокаа од тераси во Турција откако ги стресе земјотрес.
Во февруари годинава имаше силни земјотреси во Турција, при што загинаа над 50.000 луѓе. Оттогаш имаше повеќе земјотреси на турско тло.
Видеото можете да го видите тука.