Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Ликвидација во Ист Гејт по сценарио на холивудски филм, убиецот го крие лицето со силиконска маска?!
Македонија

ВИДЕО Ликвидација во Ист Гејт по сценарио на холивудски филм, убиецот го крие лицето со силиконска маска?!

25/10/2023

AA

Дали ова е вистинското лице кое вчера пукаше во Ист Гејт? Или пак целосна латекс маска за лице го прикрива вистинскиот идентитет. Редакцијата на 4NEWS.mk го отвора прашањето по деталното анализирање на фотографијата која ја објави Министерството за внатрешни работи (МВР) и снимката која беше испратена до медиумите.

Убиецот има поголема глава и лице неразмерно од телото, а устата е подотворена. Но кога трча воошто не се забележува дека тој има проблем со маската или видливоста. Точно знае кон кој излез да се упати. Ваквите маски доколку не се добро залепени знаат да предизивикаат и проблеми со видливоста, па човекот кој ја носи би бил приморан со раце да ја до намести за да има видливост, но во овој случај тоа не се случи.

На кратко ова може да се нарече ликвидација по сценарио на холивудски филм. Сред бел ден, во трговски центар и покрај други лица. Додека метата е на ескалатор, човекот во бел блузон и со слушалки на уши се доближува, го вади пиштолот и испукува најверојатно три куршуми. Нема грижа за останатите посетители во трговскиот центар кои поминаа тука пред само неколку секунди.

Случајот со платени убијци не е непознат во регионот. Утрово полицијата на Црна Гора упадна во стан кој бил изнајмен од платени убијци. Подготвувале убиство, а покрај оружје полицијата пронајде и силиконски маски потребни за прикривање на идентитетот.

Кога еднаш во холивудскиот акционен блокбастер „Невозможна мисија“ во една сцена, споредниот лик го симна „лицето“ – силиконска маска и се покажа дека е главниот лик Том Круз, сите беа импресионирани од тој потег.

Но, изгледа дека некои луѓе го гледале тој филм и сфатиле како можат да ја искористат оваа „нова технологија“ во своја полза, дека маскирани и непрепознатливи луѓе убиваат луѓе за пари.

Неодамна, црногорската полиција упадна во станбен блок во Будва, организиран од меѓународна група на наемни убијци. Уапсени се Ерменец и Албанец, додека третиот член, наводно Грк, успеал да побегне и по него е распишана потерница.

Во станот се пронајдени докази од кои јасно се гледа што правеле и која била нивната намера. Два пиштоли, автоматски пиштол, озлогласената „шкорпија“ со пригушувач, но и силиконски маски, две верни копии од лицата на двајца постари господа, еден ќелав постар господин и еден седокос пензионер.

Според полицијата нивна цел бил човек од Будва кој важи за блиско лице на Лука Бојовиќ. Бидејќи се работи за лице кое се грижи за неговата безбедност, убијците планирале да му пријдат маскирани како постари луѓе, од кои не би се очекувало дека ќе можат да трчаат, а камоли да нацртаат автоматско оружје и да ги загаткаат жртвите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy