
ВИДЕО „Лигав еден, како не ти е срам“: Маричиќ ѝ испратил бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска во Собрание
Во Собранието денеска се одржува седница за пратенички прашања, на која дојде до расправија меѓу пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Имено, расправијата започна отккао Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката, што очигледно не и се допадна па се налути.
„Лигав еден, како не ти е срам, вицепремиер за европски прашања, нека ве снимат камерите“, му врати Стојановска.
