Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Левица предлага шестчасовен работен ден без намалување на платата: „Ова е природен чекор за модерното време“
Македонија

ВИДЕО Левица предлага шестчасовен работен ден без намалување на платата: „Ова е природен чекор за модерното време“

16/06/2025

AA

Парламентарната партија Левица предлага работното време во земјава да се скрати на шест часа, без да се намалат платите на вработените. Предлогот е поднесен во Собранието и, според пратеникот Амар Мециновиќ, истиот не предизвикува буџетски трошоци и одговара на технолошкиот напредок и современите потреби на работниците.

„Нашиот предлог е внимателно осмислен, без наметнување темпо и со целосно избегнување трошоци за буџетот. Доаѓа природно во време кога продуктивноста расте благодарение на технологијата“, изјави Мециновиќ на денешната прес-конференција.

Тој истакна дека осумчасовното работно време е остаток од индустриската ера и не одговара на денешните реалности, каде што обврските на работниците се сè повеќе автоматизирани и дигитализирани. Според него, современиот работен ден е обележан со анксиозност, хроничен замор и недостиг на време за семејството и личниот живот.

Мециновиќ потсети дека Левица претходно предложила и зголемување на платите според моделот на синдикатите, но тој предлог не поминал. Новиот предлог, како што вели, е базиран на анализи и искуства од други земји како Исланд, Јапонија, Шведска, Франција, Германија и Велика Британија, каде што веќе се применуваат пократки работни денови. Во регионот, Црна Гора веќе го скрати работното време.

„Резултатите од анализите се јасни – зголемена продуктивност, подобро ментално здравје, помалку отсуства и поголема лојалност кон работата. Ниту една економија не претрпе удар, напротив – многу компании пријавиле раст“, додаде Мециновиќ.

Тој апелираше до синдикатите, работничките здруженија и политичките партии да дадат поддршка за оваа иницијатива.

Во одговор на новинарско прашање за истрагата за трагедијата во Кочани, Мециновиќ оцени дека првичната истрага била манипулативна и дека дел од осомничените блиски до ВМРО-ДПМНЕ биле ослободени. Тој тврди дека Левица поднела кривична пријава против премиерот Мицкоски за, како што рече, „попречување на правдата и изземање на лица од истрагата“, и само поради институционалниот притисок на опозицијата дошло до поместување во истрагата.

„Истрагата беше во насока на прикривање на блиските до власта. Јавноста изврши силен притисок, но и понатаму не сме задоволни. Власта се подготвува да ги блокира нашите барања за надзорна расправа“, изјави Мециновиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46682
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА БАРА КРИЗНА СОСТОЈБА Комитетот на

09/11/2026

Барањето од градоначалникот Сашко Митовски до Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на партискиот комитет во Центар

09/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ Од недела ќе застуди

09/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy