
ВИДЕО: Лефков и Петрушевски на границата со Бугарија: Дипломатски пасош со старо име важи, но не и обичен!
Дипломатски пасош со старото име „Република Македонија“ важи, но обичниот односно пасошот кој го имаат граѓаните не важи.
Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков отидоа на македонско-бугарската граница кај Делчево со намера да проверат дали функционираат пасошите кои им се важечки, но не се со уставното име „Република Северна Македонија“.
Влезот со обичниот пасош не им беше дозволен. Но, кога ги покажаа дипломатските пасоши на кои стои „Република Македонија“, а не „Северна Република Македонија“, влезот им беше дозволен.
На границата им беше кажано дека досега немаат добиено инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.

