
ВИДЕО Куче спасено од речното корито на Луда Мара во Кавадарци
Синоќа во речното корито на Луда Мара во Кавадарци било забележано куче – мокро, исплашено и целосно беспомошно. Член на здружението „Лина спаси живот – добиј живот, спас за животните“ веднаш реагирал и ја известил противпожарната служба.
Пожарникарите брзо и професионално интервенирале и го извлекле кучето од водата. Животното е успешно спасено и пренесено во стационарот, каде ќе му биде обезбедена соодветна нега и помош доколку е потребно.
Градоначалникот Митко Јанчев изрази голема благодарност за храброста, вниманието и љубовта кон животните, нагласувајќи дека хуманите дела зборуваат најгласно.
„Заедно спасуваме животи!“, порача тој.
