
(ВИДЕО) Крвава вечер во Софија: Илјадници бугарски навивачи се степаа со полицијата
Инцидентите беа најавени уште минатиот месец поради што Фудбалскиот сојуз на Бугарија сакаше да го премести мечот во Варна и тој да се игра без гледачи. На крајот, УЕФА не дозволи преместување, но сепак не беше дозволено присуство на гледачи.
И покрај забраната, илјадници бугарски навивачи тргнаа кон стадионот „Васил Левски“ каде што се играше натпреварот. Полицијата ги пресретна на неколку стотини метри од зданието, а потоа почна жестока битка. Од 17:40 часот по средноевропско време (18:40 локално) се случија најжестоките судири. Навивачите почнаа да фрлаат со факели и тврди предмети кон полицијата која одговори со водени топови, а тамошните медиуми објавуваат дека има многу повредени на двете страни.
Бугарските навивачи протестираат против претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, Борислав Михајлов и бараат негова оставка бидејќи го сметаат за главен виновник за лошата ситуација во која се наоѓа репрезентацијата и воопшто фудбалот во земјата.
