
ВИДЕО Кражба во црквата „Свети Атанасиј“ во Босилово
На големиот христијански празник Богојавление – Водици, во просторот на црковниот комплекс „Свети Атанасиј“ во Босилово била извршена кражба.
Истата е јасно регистрирана од сигурносните камери.
Снимката се споделува со цел идентификација на лицето и доколку некој го препознае, се замолува веднаш да се јави кај некој од членовите на Црковниот одбор или да пријави во надлежните институции“, велат од црквата.
