
ВИДЕО Ковачевски најави кандидат за претседател, Мицкоски откри дека е Радмила Шеќеринска
Додека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА најави дека партијата ќе има свој кандидат за претседател, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски го откри и името. Според Мицкоски, Радмила Шеќеринска ќе биде кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија.
„Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Меѓутоа, само ќе истакнам дека бидејќи најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Пендаровски ќе оди за втор мандат јас сметам дека тој одлично ја обавуваше својата функција во текот на изминатите пет години, токму ги застапуваше вредностите коишто јас сега ги кажав, меѓутоа и коишто ги споделува нашата партија, вредностите коишто ги споделува и нашата коалиција, односно коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“ – изјави Ковачевски.
„Последната која што ја добив е дека на едно место, пред некој ден кажал дека Радмила Шеќеринска ќе била сега кандидат за претседател. Имајќи предвид дека Шекеринска како претседател на СДСМ го има до сега убедливо најслабиот изборен резултат кој што го имала СДСМ, кој што според мене на следните избори ќе биде многу посакуван од СДСМ, бидејќи тие ќе одат многу подоле од тој резултат“, вели Мицкоски во телевизиско интервју за ТВ21.
