
(ВИДЕО) Косовската полиција уапси Србин од Косовска Митровица, граѓаните пак се собраа да искажат револт
Во Косово полицијата уапси Србин од Косовска Митровица, a граѓаните се на улиците.
Kосовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља потврди дека едно лице е уапсено, наведувајќи дека наводно станува збор за водачот на Цивилната заштита, но и организатор на нападот на КФОР во Звечан.
Министерот нагласува дека ова лице било „главниот организатор на нападот на силите на КФОР и на косовската полиција во Звечан“.
Свечља тврди дека при апсењето се нападнати припадници на косовската полиција, а тројца биле полесно повредени.
„Како што во континуитет нагласувам, помина времето на криминалните банди на северот од нашата земја. Сите поединци или криминални групи кои го нарушиле безбедносниот и уставниот поредок на Република Косово ќе се соочат со правдата. Републиката нема да се повлече“, изјави Свечља.
Граѓаните повторно се собираат кај Техничкото училиште, а кај мостот кај ЕТЦ има неколку оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција.
Неодамна во Звечан имаше судири во кои беа повредени над 50 Срби, но и припадници на КФОР. Косовските Срби ги бојкотираа изборите и тие не ги признаваат за легитимни, градоначалниците Албанци. Србите бараат конечно да се формира Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северот.
фото принтскрин
