
(ВИДЕО) Клеопатра потекнува од грчка Македонија – документарец поттикна кавги
„Нетфликс“ ги исклучи коментарите на трејлерот за документарниот филм за кралицата Клеопатра по бурните реакции на интернет.
Документарниот филм од четири дела доби критики, пишува „Unilad“. Документарецот наиде на бројни критики затоа што Клеопатра ја игра афро-американска актерка.
Корисници на социјалните мрежи ја критикуваат одлуката да се прикаже владетелот како со субсахарско потекло, бидејќи Клеопатра потекнува од грчка Македонија.
„Клеопатра била грчка Македонка која била последната кралица на птоломејската династијата. Египќаните имаат различни тонови на кожата, не сме сите исти, но нашата ДНК трага назад до нашите предци во Египет, што значи дека повеќето од нас се етнички Египќани“, објани корисничка на Твитер.
„Клеопатра беше кралица на Птоломејското Кралство во Египет. Припадник на династијата Птоломеј, таа беше потомок на основачот на династијата Птоломеј I, грчки Македонец… Дефинитивно не е црна. Старите слики можат да ја објаснат разликата“, напиша Египќанец на Твитер.
Премиерата ќе биде на 10-ти мај.
