
(ВИДЕО) КФОР објасни што се случувало во Звечан
Oд КФОР по денешните немири на Косово велат дека биле нападнати неиспровоцирано.
„Наспроти најактивните рабови на толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа предмет на неиспровоцирани напади и добија трауматски рани со модринки и изгореници поради експлозија на запаливи направи“, се наведува во соопштението на КФОР.
Итно им е укажана медицинска помош, а моментално се под надзор на медицински персонал кој ја проценува нивната состојба.
Меѓународната заедница повика на смирување на тензиите и на повлекување на косовската полиција. Во текот на денот има најмалку 53 повредени.
фото КосСев.инфо
