Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Катастрофални поплави во Русија – куќи под вода, илјадници евакуирани
Македонија

ВИДЕО Катастрофални поплави во Русија – куќи под вода, илјадници евакуирани

18/04/2024

AA

Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво.

Државната новинска агенција Тас објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.

Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан.

Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.

Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.

Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД ЗЕЛС Ѓорѓиевски најави нов начин на работа

31/01/2026
Македонија

НА ЕКРАНИ ПРЕД ФАБРИКИТЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВУВААТ ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ

30/01/2026
Македонија

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на

30/01/2026
Македонија

НОВИНАРКАТА ВЕЈСЕЛИ КАЗНЕТА ЗАТОА ШТО СПОМЕНАЛА ИМЕ НА СУДИЈА ВО

30/01/2026
Македонија

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено –

30/01/2026
Македонија

Николоски: На состанокот во вторник со ЕУ ќе понудам најдобри

30/01/2026
Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на булевар „Словенија“ во Скопје

30/01/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ДОЖДЛИВАТА ЗИМА Променливо облачно со повремен дожд и снег

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40845
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy