Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк
Македонија

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција со Ататурк

27/01/2026

AA

Мрежата за заштита од дискриминација упати остар апел до Собранието на Република Северна Македонија да не ја именува кандидатката Џихан Ахмед за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Според Мрежата, номинацијата е „несериозна и понижувачка“ бидејќи кандидатката не ги исполнува законските услови и покажала загрижувачко ниво на некомпетентност за време на јавната расправа.

На јавната расправа одржана на 20.01.2026 година, кандидатката Ахмед, иако е магистер по меѓународно право, не успеала да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучниот стратешки документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за темелите на оваа конвенција, таа дала одговор во историски контекст, зборувајќи за градот Истанбул и периодот на Ататурк, наместо за правните механизми за заштита од дискриминација.

Законот предвидува дека член на Комисијата мора да има минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години конкретно во областа на еднаквост и недискриминација. Ревизијата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема ниту еден ден работно искуство во оваа сфера. Нејзиното претходно искуство е во приватни фирми, како асистент на универзитет и професор во средно училиште, со фокус на корпоративната безбедност, што не е соодветно за оваа функција.

Мрежата потсетува дека Собранието има клучна улога во Поглавјето 23 (правосудство и фундаментални права) и дека напредокот на државата зависи од изборот на компетентни лица кои ќе ги штитат најранливите категории граѓани. Изборот на лица кои не ги познаваат ниту основните поими за дискриминација претставува сериозен чекор наназад во евроинтеграциските процеси.

Дополнителен скандал предизвика нејзината објава на социјалните мрежи каде таа упатува благодарност за „назначувањето“ до лидерот на ЛД, Изет Меџити и коалицијата ВЛЕН, иако изборот во Собранието сè уште не е формално завршен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy