
ВИДЕО Избувна пожар во семејна куќа во центарот на Кочани
Попладнево изби пожар во семејна куќа во центарот на Кочани. Инцидентот се случил пред малку, а според првичните информации, огнот брзо се проширил низ објектот.
-Пожар во центарот на Кочани на ул.Браќа Ставрови. Се работи за урбан пожар настанат во индивидуална куќа и проширен на соседна куќа (лепенка). Куќите се од збиен тип и можно е дополнително проширување. Во моментот има 4 екипи на ТППЕ Кочани, ДПД Кочани со 1 екипа. На лице место се екипи на МВР и екипи на Итна медицинска помош. Не е побарана дополнителна помош од Главен Штаб, велат од ЦУК.
Засега нема официјални информации дали во инцидентот има повредени лица.
Причините за пожарот сè уште не се познати, а се очекува увид на местото на настанот од страна на надлежните служби.
Во моментов, сообраќајот околу критичниот дел е пренасочен, а се апелира до граѓаните да го избегнуваат движењето во овој дел од градот.
