ВИДЕО: Исклучена струјата во Слупчане, жители излегоа протест и палејќи гуми го блокираа патот
ЕВН вечерва ја исклучи струјата во селото Слупчане, оставајќи го целото село во мрак.
Жителите на селото го блокираа главниот пат на влезот од селото, палејќи оган со автомобилски гуми.
Судирот меѓу ЕВН и жителите на село Слупчане се случил затоа што компанијата сака да ги извади броилата од куќите под изговор дека има кражба на струја, додека жителите се противат на такво нешто.
Во моментов се уште е блокиран патот за влез во селото.