
ВИДЕО интервју со Гордана Јанкуловска, дали Мицкоски ја злоупотребил заедничката фотографија?
Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски добил дозвола за објавената фотографија со екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, и дали таа смета дека некој ја злоупотребил токму оваа фотографија?
Токму на овие прашања Јанкуловска одговара во објавениот краток дел, односно најава за интервјуто за „360 степени“.
Според неа, апсолутно немало злоупотреба.
„Не, не, апсолутно не, како може да ме злоупореби некој?“, одговара Јанкуловска.
Таа претходно посочи дека средба со Мицкоски или со било кого, може да се случи само кога е на домашно отсуство.
Целото интервју ќе може да го гледаме на МРТВ во понеделник, 20:15 часот.
